недела, 31. мај 2020. Вести денес: 23
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Кошарка

Американците признаа: „Југославија имаше тим од соништата можеби подобар и од нашиот Дримтим“

Американците признаа: „Југославија имаше тим од соништата можеби подобар и од нашиот Дримтим“

Паузата присилно наметната поради пандемијата со коронавирусот е иделано време за навраќање во минатото и разговарање на теми кои се исклучително важно за некој спорт или, пак, носат малку познати факти, како признанието на Американците дека некогашна СФР Југославија имала „тим од соништата“ уште пред појавата на нивниот Дримтим, кој можеби и бил подобар и поинвентивен.

Станува збор за селекцијата која требаше да настапи на Олимписките игри 1992 година во Барселона, што не се случи поради распадот на заедничката држава една година претходно. Селекцијата на САД дојде со најсилниот состав во историјата и се прошета до златото, но и самите американски стручњаци велат дека ништо не би било така едноставно ако на другата страна се појавија играчите кои две години претходно се прошетаа до златото на Мундобаскетот во Аргентина.

„Игрите во Барселона ни го донесоа Дримтимот со Џордан, Меџик, Бирд…, кои до златото дојдоа со просечна разлика од 43,8 поени. Но, фокусот на нашата приказна е составот кој, за жал, не настапи на овие игри, кој беше тим од соништата пред нашиот, составот на Југославија. Кошаркарското наследство на оваа селекција е недоволно документирано, но тоа е убедливо најзначајно во последните 25 години бидејќи токму Југославија е креатор на модерната игра каква што гледаме сега. Секој од нивниот тим беше извонреден индивидуалец, Петровиќ, Кукуч, Дивац, Раѓа, кошаркари кои секој на свој начин донесоа нешто ново, дотогаш не видено. Па, играта на доскоро доминантниот Голден стејт е речиси копирана на играта на тој југословенски тим, иако оттогаш поминаа многу години. Многумина во светот сѐ уште се разочарани што не дојде до пресметка на двете најголеми екипи некогаш составени, а фактот што Хрватска со само неколкумина од тие ѕвезди успеа колку-толку да му парира на Дримтимот, покажува какво вселенски дуел тоа би бил“, пишуваат Американците.

Коронавирус