недела, 22. јули 2018. Вести денес: 57
home Кошарка

Алимпиjевиќ ја презема одговорноста за поразот од Будуќност

Алимпиjевиќ ја презема одговорноста за поразот од Будуќност

Тренерот на Црвена ѕвезда Душан Алимпијевиќ вината за изгубениот прв натпревар од Будуќност (80:76)во финалната серија на АБА лигата ја насочи кон себе.

– Будуќност беше подобриот тим и заслужено победена. Ние мораме да бидеме поагресивни на поинаков начин. Играчи не се виновни и не треба да гледаме кој промашил зицер или слободно фрлање. Јас сум виновник. На следниот натпревар ќе бидеме подобри. Нема време за прекумерна анализа. Одиме понатаму, а во Подгорица ќе се обидеме да го вратиме изгубеното, истакна предводникот на „црвено-белите“.

Будуќност води со 1-0 во победи во серијата прв до три.

И вториот меч се игра во Белград, веќе денес со почеток во  18:30 часот. Потоа серијата се сели во Подгорица.