вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 119
home Кошарка

Актуелниот НБА шампион не го доигра првиот подготвителен натпревар

Актуелниот НБА шампион не го доигра првиот подготвителен натпревар

Милвоки Бакс ги започна подготовките за сезоната во која ќе ја брани НБА титулата, но немаше среќа ниту да го комплетира првиот претсезонски дуел во кој недостасуваа голем дел од ѕвездите на актуелниот првак.

Натпреварот во Мемфис меѓу Гризлис и Бакс бил прекинат по три одиграни периоди, поради активиран противпожарен аларм.

Салата била евакуирана, играчите се преселиле во соблекувалната, за на крајот да излезе дека се работело за погрешно активирана прскалка во салата.

Клубовите се договориле натпреварот да не продолжи за да не се ризикуваат повреди поради големата пауза по прекинот.

Локални избори 2021