петок, 24. септември 2021. Вести денес: 73
home Кошарка

Адетокунбо: Сонувам да ја освојам титулата со Милвоки

Адетокунбо: Сонувам да ја освојам титулата со Милвоки

Најдобриот кошаркар на Милвоки, Јанис Адетокумбо, зборуваше за тоа колку би било важно за него да ја освои шампионската титула со Бакс.

– Никогаш не треба да судите никого за патот што го одбрал да ја освојат шампионската титула. Но, освојувањето на титулата со тимот каде што ја започнавте вашата кариера има поголема важност. Ова е мојот сон, ова е мојата цел, изјави Адетокунбо.

Гркот беше избран од Милвоки на драфтот во 2013 година. Оттогаш тој игра за клубот Висконсин.

Оваа сезона, двократниот МВП во НБА-лигата, за прв пат стигна до големото финале.

Во финалната серија која се игра до четири победи, Милвоки губи од Феникс санс со 1:0.

Коронавирус