недела, 27. септември 2020. Вести денес: 0
home Кошарка

АБА конечно донесе пресуда за неодиграниот меч во Подгорица

АБА конечно донесе пресуда за неодиграниот меч во Подгорица

Пет дена им беа потребни на челниците на АБА-лигата да донесат конечна одлука за неодиграниот натпревар меѓу Будуќност и Црвена Звезда.

За потсетување, репризата од ланското финале беше закажана за понеделник, но не се одигра бидејќи експедицијата на Црвена Звезда воопшто не допатува во Подгорица. Актуелните шампиони како причина ги наведоа затегнатите политички односи меѓу двете земји, но раководството на АБА-лигата не го прифати овој аргумент при изрекувањето на казните.

Официјално, денеска беше објавено дека Будуќност ќе го добие натпреварот со службен резултат 20-0, а „црвено-белите“ поради непојавувањето на терен ќе останат без бодот што следи во случај на пораз. Покрај тоа, белградскиот клуб ќе треба да плати и парична санкција во висина од 20.000 евра.

Коронавирус