четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 82
home Фудбал

Горан Пандев постигна два гола за Џенова и испиша историја

Горан Пандев постигна два гола за Џенова и испиша историја

Македонскиот фудбалер Горан Пандев постигна два гола за  Џенова во дуелот со ёНаполи каде неговиот тим победи со 2-1 и испиша историја во калчото  за играчи од територијата на поранешна Југославија.

Со двата гола во мрежата на „наполитанците“ Пандев дојде до бројката од 87 гола и тој стана најдобар стрелец во калчото од просторите на „екс-ју“.

Во дресот на Џенова, Пандев има 24 гола, за Наполи постигна 19, за Интер даде пет, за Анкона има еден, додека најмногу постигна за Лацио – даде вкупно 48 гола.

Пандев е најстариот играч во петте најквалитетни лиги во Европа со по најмалку два гола и две асистенции оваа сезона.

На овој меч настапи и Ељиф Елмас играше на овој меч за Наполи, а имаше две добри шанси. Првата беше во првиот дел по еден соло трк и шут од далечина, но голманот Перин одбрани, за потоа, во 92. минута, да добие топка во казнениот простор, ама шутираше само високо над голот.

Џенова нема пораз пет кола во низа, а на петте последни средби има четири победи. Така, тимот е на единаесеттото место на табелата и е скоро сигурен и следната сезона во Серија А. Наполи, пак, е четвртопласиран и со поразот направи чекор назад во битката за Европа.

ЕУРО 2020

Македонија