петок, 14. мај 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Звонимир Бобан доби функција во УЕФА

Звонимир Бобан доби функција во УЕФА

Првиот човек на УЕФА Александар Чеферин решл да ја постави хрватската некогашна фудбалска легенда Звонимир Бобан на одговорна функција поврзана со спортскиот дел од натпреварувањата во рамките на УЕФА.

Тоа е прв ангажман на Бобан откако се раздели со италијанскиот фудбалски клуб Милан. Бобан ќе биде одговорен за комуникација со клубовите и федерациите, за синхронизирање на натпреварувачките календари, како и за имплементацијата на ВАР технологијата низ Европа.

Хрватот ќе му одговара директно на Чеферин како негов претпоставен, а го очекува сериозен ангажман во наредниот период, бидејќи УЕФА планира да прави реформи во европските купови, вклучувајќи го менувањето на форматот на Лигата на шампионите.

 

Коронавирус