сабота, 31. јули 2021. Вести денес: 5
home Фудбал

Жуниор Фирпо во Лидс за 15.милиони евра

Жуниор Фирпо во Лидс за 15.милиони евра

Доколку нема подрастични промени во следните неколку часа, левиот бек на Барселона, Жуниор Фирпо (24), ќе стане нов играч на Лидс Јунајтед со кого ќе потпише четиригодишен договор.

Преговорите меѓу трите страни вчера постигнаа голем напредок, а проценката на Шпанските медиуми е дека официјализацијата на зделката може да се случи во рок од 48 часа.

Да потсетиме, Фирпо последниве денови најмногу се поврзуваше со трансфер во Милан. Росоњерите покажаа голем интерес, играчот исто така се согласи на трансфер, но Лидс изврши голем притисок и успеа да го убеди 24-годишниот дефанзивец преку спортскиот директор Виктор Орта и тренерот Марсел Биелса дека тој ќе ја игра улогата на еден од водечките играчи во Иланд Роуд.

Каталонски Спорт наведува дека Барселона треба да инкасира 15.000.000 евра од овој трансфер.

Жуниор Фирпо пристигна на Ноу Камп пред две години како алтернатива на Алба, со идеа еден ден да го заземе местото на искусниот Шпански репрезентативец. На Бетис му беше платено 18.000.000 евра, но Фирпо не успеа да се наметне.

Одлуката дека може да оди во најголема мерка е на Куман. Холандскиот стручњак би сакал да го види Маркос Алонсо од Челси на местото на Фирпо.

Коронавирус