понеделник, 6. јули 2020. Вести денес: 1
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Фудбал

Жртви на сексуално насилство бараат компензација од Манчестер Сити

Жртви на сексуално насилство бараат компензација од Манчестер Сити

Скандалот со сексуална злоупотреба на деца во англискиот фудбал продолжува да го прогонува Манчестер Сити. Осуммина мажи кои биле малтретирани од поранешниот тренер на клубот, Бери Бенел, ќе ги тужат „граѓаните“ за обештетување, јави Би-Би-Си.

Тие тврдат дека претрпеле бројни психолошки трауми како резултат на постапките на Бенел. Седуммина од нив, исто така, бараат компензација затоа што не им се дало можност да се развиваат во фудбалот.

Бенел во моментот издржува казна од 31 година за насилство врз 12 деца на возраст меѓу 8 и 15 години, во случаи регистрирани од 1979 до 1991 година.

Тужителите тврдат дека Сити е виновен, иако Бенел немал договор со тимот и заминува во средината на осумдесеттите. Двајца од мажите ќе поднесат тужба и против Кру Александриа, каде Англичанецот беше тренер во училиштето на тимот по престојот во Манчестер.

И двата тима негираат одговорност. Претстојните барања ќе бидат разгледани, а процесот ќе започне во октомври 2021 година.

Парламентарни избори 2020