сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

„Златна топка“ ќе се доделува и за жени

„Златна топка“ ќе се доделува и за жени

Француското издание „Франс фудбал“ оваа година ќе додели награда „Златна топка“ како за најдобар фудбалер, така и за најдобра фудбалерка на годината.

– Женскиот фудбал е просперитетна и брзорастечка дисциплина и заслужува исто почит како и машкиот фудбал, вели Паскал Фере, главниот и одговорен уредник на изданието.

Листата на 15 кандидати за наградата ќе биде објавена на 8-ми октомври. На гласањето ќе присуствуваат новинари од многу земји, кои се специјализирани за женски фудбал. Церемонијата за доделувањето на „Златната топка“ ќе се одржи на 3 декември во Париз.

Покрај тоа, „Франс фудбал“ формираше награда за најдобар млад фудбалер (до 21 година), наречен „Трофеј Копа“. Наградата е во чест на поранешниот репрезентативец на Реал Мадрид, Рејмон Копа, кој беше првиот француски фудбалер кој ја освои „Златната топка“ во 1958 година. Копа почина во март 2017 година на возраст од 85 години.

Изданието ја основаше наградата „Златна топка“ во 1956 година. Првиот добитник на наградата е Стенли Метјуз (Англија). Рекорддери со по пет награди се аргентинскиот напаѓач на Барселона, Лионел Меси и португалската ѕвезда на Јувентус, Кристијано Роналдо.

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) врачува награда за најдобра фудбалерка од 2001 година. За првпат, наградата ја освои Американката Миа Хам и пет трофеи (помеѓу 2006 и 2010 година), освои бразилската напаѓачка Марта.

МИА

Коронавирус