сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 48
home Фудбал

Златан Ибрахимовиќ се враќа во Шпанија

Златан Ибрахимовиќ се враќа во Шпанија

Златан Ибрахимовиќ преку видео порака можеби ја најави својата следна дестинација. Тој порача дека ќе се врати во Шпанија.

Видеото со Златан Ибрахимовиќ е објавено од Sky Sports на Instagram, но освен дека ќе се врати во Шпанија, не открива ништо повеќе.

„Здраво Шпанија. Погоди што? Се враќам“, вели Златан.

 

 

View this post on Instagram

 

LaLiga loading…? ???⁣ ⁣—————⁣ ⁣? (via @iamzlatanibrahimovic)

A post shared by Sky Sports (@skysports) on

Можеби едноставно се работи за трик. По елиминацијата од трката за шампион на МЛС, Златан е сега на одмор. Можеби токму на шпанските плажи планира да го помине својота заслужен одмор.

Ако не, тогаш можеби навистина ќе се врати да настапува во Ла Лига. Ибра неодамна објави дека сака да се врати во Европа, но во клуб кој се бори за титула. Ако се погледне табелата, има дури седум клубови кои се на мала разлика на врвот. Со оглед на тоа што Ибра претпочита големи имиња, не е за верување дека би заиграл за моментално лидерот Гранада, ниту пак за Реал Сосиедад, Севиља и Виљареал.

Не би му се допаднал авторитетниот и строг Диего Симеоне, па поради тоа отпаѓа и Атлетико. Ако се земе во предвид фактот што Златан никогаш по вторпат не заиграл за клуб од каде еднаш си заминал, тогаш по негоја логика Барселона не е неговата следна дестинација.

Така, на листата останува само Реал Мадрид…

 

Коронавирус