недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 97
home Фудбал

Животна исповед на фудбалерот: Џеко со очи полни солзи- „Мислев дека сме мртви“ (ВИДЕО)

Животна исповед на фудбалерот: Џеко со очи полни солзи- „Мислев дека сме мртви“ (ВИДЕО)

Капитенот на Босна и Херцеговина во своето најново интервју зборуваше за своите фудбалски почетоци и тешкото детство кое го поминал во војната во Сараево.

Един Џеко се потсети како изгледаа неговите први тренинзи во „Железничар“ и како тренирал во училиштето, бидејќи стадионот бил уништен, како и на тоа дека мечевите биле прекинувани за време на војната откако сирените често предупредувале на евакуација.

-За време на војната моравме да ги прекинуваме фудбалските мечеви бидејќи сирените често означуваа евакуација, па моравме да се сокриеме. Кога сте дете не размислувате на опасноста. Со шест години знаев што се случува, али искрено не размислував многу на тоа. Откако започна војната па се до крајот по четири години се беше уништено. Градот не постоеше, се сеќавам кога татко ми ме носеше на тренинзите во „Железничар“, моравме да се возиме со два различни автобуси и трамвај за да стигнеме. Трениравме во училиштето, бидејќи стадионот беше уништен. Иако мојот татко работеше секојдневно ме носеше на тренинзите и по тренинзите ми носеше банани.

Коронавирус