понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 65
home Фудбал

Жиру не е среќен од трансферот на Игуаин и навести заминување

Жиру не е среќен од трансферот на Игуаин и навести заминување

Францускиот напаѓач Оливие Жиру навести дека може да го напушти клубот. Веќе неколку дена во тимот тренира Гонзало Игуаин, кој игра на истата позиција, како и тој.

– Ако клубот одлучи да привлече нов централен напаѓач – пример како Игуаин, тогаш тоа сигурно ќе го ограничи моите шанси да се докажам тука. Никогаш не сум кажал „не“ на можно враќање во француското првенство. Лион и Марсеј се два одлични тима. Но, сега мојот приоритет останува во Премиер Лигата, вели Французинот во ексклузивното интервју за „Канал +“, дадено пред трансферот на Аргентинецот, но објавено сега.

Жиру сподели и мислење дека тактиката на Маурицио Сари со користење на Еден Азар на врвот на нападот не е добра идеја.

– Менаџерот го тера Азар да дејствува како лажна деветка што е погубно за централните напаѓачи. Но, тој е најсилниот играч со кој некогаш сум бил со тим, додаде светскиот шампион.

Неговиот договор со Челзи истекува на крајот од сезоната. Вчера Жиру се појави како замена на Игуаин во последните десет минути од натпреварот против Шефилд Венздej во ФА Купот (3:0).

Коронавирус