петок, 23. јули 2021. Вести денес: 138
home Фудбал

Жиру ќе потпише за Милан

Жиру ќе потпише за Милан

Оливие Жиру се наоѓа пред трансфер во Милан, тврди „Калчомеркато“. Францускиот репрезентативец  доаѓа во Милан на местото на Марио Манџукиќ, кој по само шест месеци го напушти клубот.

34-годишниот Жиру во саботата со Челси ја освои Лигата на шампионите. Во Милан тој треба да биде алтернативата за ветеранот Златан Ибрахимовиќ.

Жиру ќе дојде во Милан  како слободен играч, со клубот од „Сан Сиро“ ќе потпише двегодишен договор.

Жиру во кариерата играл за Гренобл, Истерс, Монпелје, Арсенал и Челси. За Франција настапил на 107 натпревари, постигнал 44 голови. Со „триколорите“ во 2018 година стана светски првак.

Коронавирус