вторник, 21. септември 2021. Вести денес: 164
home Фудбал

Жиру: Бог сакаше да играм за Милан

Жиру: Бог сакаше да играм за Милан

Оливие Жиру вели дека си има зацртано цели кои сака да ги постигне во Милан, но нема да ги открие.

Жиру имаше одличен почеток во подготвителните мечеви за Милан откако постигна гол по само неколку минути игра. Тој верува во проектот на росонерите и цели кон освојување на трофеј.

„Сум освоил многу трофеи во секој клуб во кој сум бил, би сакал и тука да биде исто. Имам замислено цели во мојата глава, но не сакам да ги откријам, во спротивно ќе си ставам премногу притисок. Да речеме дека мојата крајна цел е да освојам трофеј со Милан“, вели Жиру.

„Дојде време да си заминам од Челси и да заминам во друга лига. Бог сакаше да играм за Милан. Ова е еден од најголемите клубови во светот и навистина верувам во проектот тука“.

Коронавирус