петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 91
home Фудбал

Зидан: Среќен сум со играчите што ги имам

Зидан: Среќен сум со играчите што ги имам

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан откри дека тимот нема намера да привлекува нови играчи низ тековниот преоден рок. Синоќа „кралскиот клуб“ оствари тешка победа, откако го совлада Реал Бетис со 3:2.

Голот од пенал на Серхио Рамос на крајот од натпреварот го донесе првиот успех во сезоната за Реал Мадрид против тимот од Андалузија, кој на крајот остана со 10 лица. После натпреварот, Зидан беше прашан дали ќе земе нови играчи, откако шпанскиот шампион имаше тивко трансфер лето, дозволувајќи им на Хамес Родригез, Герет Бејл и Брахим Дијаз да го напуштат тимот.

– Нема да има нови засилувања. Ние веќе разговаравме за ова. Среќен сум со играчите што ги имам. Ги имаме овие играчи и ќе се обидеме да направиме успешна сезона. Кога заостанувате во резултатот, тешко е да се промени динамиката на натпреварот, но ние го сторивме токму тоа денес. Треба да го правиме ова од време на време. Имавме многу шанси и луѓето велат дека не даваме доволно голови. Денес постигнавме три гола и можевме да постигнеме и повеќе. Горд сум на играчите, одигравме брилијантно. Ние мора да продолжиме во истиот дух, додаде Зидан. (МИА)

Коронавирус