четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 94
home Фудбал

Зидан: Се уште ништо не е готово

Зидан: Се уште ништо не е готово

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, беше задоволен од победата (3:1) над ПСЖ во првиот дуел од осминафиналето во Лигата на шампионите. Францускиот специјалист го пофали тимот, но предупреди дека конечниот победник е далеку од јасен.

– Целиот тим се претстави одлично, победата ни е целосно заслужена. Задоволни сме од резултатот и од начинот на кој се разви натпреварот. Покажавме карактер, а навивачите не поддржуваа цело време. Победата со 3:1 е вредна, меѓутоа не ни гарантира ништо. Не смееме да бидеме премногу самоуверени во реваншот, кој ќе биде сосема поинаков и воопшто нема да биде лесно, рече Зидан.

„Кралевите“ до триумфот дојдоа по резултатскиот пресврт, откако гостите први дојдоа во водство.

Локални избори 2021