четврток, 13. август 2020. Вести денес: 111
Во живо

Прес-конференција на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

home Фудбал

Зидан се надева дека Меси ќе остане во Барса

Зидан се надева дека Меси ќе остане во Барса

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан призна дека сака суперѕвездата на Барселона, Лионел Меси да остане во Ла Лига, откако се појавија информации дека Аргентинецот сака да ги напушти Каталонците.

Меси има договор до летото 2021 година, но според различни извори, шесткратниот освојувач на „Златната топка“ размислува за евентуална разделба со Барса. По средбата на „белите“ со Хетафе, во која победија момчињата на Зидан со 1:0, Французинот беше запрашан за овие шпекулации.

– Не знам што ќе се случи, но се надевам дека нема да се случи, бидејќи тој е во овој шампионат и ние го сакаме најдоброто за Лигата, вели Зидан.

Коронавирус