вторник, 2. јуни 2020. Вести денес: 108
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Фудбал

Зидан сака да го види Мбапе во Реал

Зидан сака да го види Мбапе во Реал

Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Килјан Мбапе, може да заврши во Реал Мадрид. Него, во шпанскиот клуб лично сака да го види тренерот Зинедин Зидан, пренесува новинарот Никола Скира на Твитер.

Сепак, ПСЖ не сака да се раздели со напаѓачот. Спортскиот директор во Париз, Леонардо, се обидува да го убеди фудбалерот да остане нудејќи му договор до 2025 година со двојно зголемување на платата.

Во тековната сезона, 21-годишниот Французин има одиграно 33 натпревари на сите натпреварувања, во кои постигна 30 голови и направи четири асистенции.

Коронавирус