понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 167
home Фудбал

Зидан: Реал Мадрид сè уште нема освоено ништо

Зидан: Реал Мадрид сè уште нема освоено ништо

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан ја коментираше победата над Валенсија (3:1) во првиот полуфинален натпревар од шпанскиот Супер куп.

-Најважниот елемент за нас беше играта. Задоволен сум од настапот на сите играчи. Тешко е да се издвои еден. Среќен сум за Иско, на пример. Тука е брилијантниот гол на Крос, голот на Модриќ. Тренерот сака да го види тоа од неговите играчи, но да не заборавиме, сè уште не освоивме ништо, изјави Зидан.

Кажа и за ситуацијата во која се наоѓа Герет Бејл и за формата на Лука Јовиќ.

-Во моментот кога тој не е подготвен, не тренираше цела недела. Треба да разговараме со лекарите. Оние што се тука сега се важни. Мислам дека Јовиќ имаше добар настап, бидејќи работеше напорно. Кога не играте долго време, разликата е забележителна. Очекувам да се врати со полна сила, изјави Зидан.

Реал во финалето ќе се сретне со победникот од дуелот Атлетико Мадрид-Барселона. (МИА)

Локални избори 2021