петок, 16. април 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Зидан: Победата над Ливерпул не радува, но во целост чувствата се измешани

Зидан: Победата над Ливерпул не радува, но во целост чувствата се измешани

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан ги искажа своите впечатоци по првиот натпревар со Ливерпул во четвртфинале во Лигата на шампионите.

Реал победи со 3:1 и со два гола предност ќе оди на реваншот во Англија.

– Победата е добра, но севкупно, чувствата се измешани. Имавме одличен натпревар, но доживеавме тешкотии на почетокот на второто полувреме. Горд сум на секој играч. Но, реваншот е пред нас. Мило ми е што Винисиус постигна гол, му требаше. Тој е добар, му помага на тимот и добива поттик кога ќе постигне таков гол. Малку ќе уживаме во нашата победа, а потоа повторно на напорна работа. Знаеме дека претстои важен натпревар со Барселона во домашното првенство, а потоа и реваншот со Ливерпул, истакна Зидан.

Реал Мадрид на 10 април ја пречекува Барселона во дербито на шпанската Ла Лига. Реваншот со Ливерпул е закажан за 14 април.

Коронавирус