четврток, 5. август 2021. Вести денес: 94
home Фудбал

Зидан по напуштањето на Реал: Разбирам дека ако не победиш, треба да си заминеш

Зидан по напуштањето на Реал: Разбирам дека ако не победиш, треба да си заминеш

Францускиот фудбалски стручњак, Зинедин Зидан проговори за одлуката да ја напушти тренерската функција во Реал Мадрид.

– Ги разбирам барањата на Реал. Ако не победиш, мора да си заминеш. Не сум уморен од тренинг. Само би сакал мојот однос со клубот и со претседателот да беше малку поразличен во последните месеци. Да поминам дваесет години во Мадрид беше најубавото нешто што ми се случило во животот, изјави Зидан за „АС“.

На крајот на сезоната 2020/21, Реал Мадрид го освои второто место во шпанската Ла Лига и беше елиминиран во полуфиналето на Лигата на шампионите.

Французинот ја објави одлуката да го напушти мадридскиот клуб на 27 мај.

Коронавирус