вторник, 25. септември 2018. Вести денес: 42
home Фудбал

Зидан: Оваа сезона беше тешка за Бензема

Зидан: Оваа сезона беше тешка за Бензема

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, изјави дека продолжува да верува во напаѓачот Карим Бензема кој се соочува со пад на формата.

30-годишниот Французин постигна само девет гола на 39 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона.

– Бензема сака да погодува. Ние знаеме дека тој е добар играч кој ги привлекува другите. Оваа сезона беше тешка за него во однос на головите, но тој нема да се откаже.

Французинот поради слабата форма во текот на сезоната беше критикуван од навивачите на Реал, а често пати на натпреварите исвиркуван.