четврток, 6. август 2020. Вести денес: 7
home Фудбал

Зидан објасни зошто Азар нема да игра со Хетафе

Зидан објасни зошто Азар нема да игра со Хетафе

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан пред натпреварот од 33. коло од шампионатот на Шпанија со Хетафе објасни дека отсуството на Еден Азар е поради претпазливост.

Французинот не сака да го ризикува здравјето на Белгиецот кој беше повреден.

– Ние мора да бидеме внимателни со него. Тој наскоро ќе ја достигне својата најдобра форма. Јас сум многу горд на сите играчи, бидејќи тоа што го направија не е лесно. Знаеме и дека треба да ги играме преостанатите шест дуели, сите како да ни се финале, рече Зидан.

Реал е лидер на табелата во Ла Лига со еден бод повеќе од Барселона и еден натпревар помалку.

Натпреварот Реал – Хетафе се игра вечер од 22 часот во Мадрид.

Коронавирус