недела, 9. мај 2021. Вести денес: 93
home Фудбал

Зидан не сака да го коментира формирањето на Супер лигата

Зидан не сака да го коментира формирањето на Супер лигата

Тренерот на актуелниот шпански фудбалски првак Реал Мадрид, Зинедин Зидан, не сакаше денеска да го коментира формирањето на Супер лигата, истакнувајќи оти тој не е вистинската личност да одговара на прашања поврзани со новото натпреварување.

-Тоа е прашање за една личност, претседателот (Флорентино Перез). Јас сум тренер и тоа е тоа, изјави Зидан на конференција за новинари во Мадрид, одговарајќи на новинарско прашање за неговиот личен став околу учеството на Реал Мадрид во новото клупско натпреварување од затворен тип.

Зидан се појави на прес конференцијата пред мечот со Кадиз во рамки на шпанското првенство.

-Овде сум поради натпреварот. Секој има свое мислење, но јас не дојдов за да разговарам за тоа прашање“, рече Зидан. (МИА)

Коронавирус