сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 6
home Фудбал

Зидан: Не ми се допаѓа тоа што не сметаат за фаворити во ЛШ

Зидан: Не ми се допаѓа тоа што не сметаат за фаворити во ЛШ

На тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан му пречи тоа што неговиот тим го сметаат за прв фаворит во Лигата на шампионите.

Сигурните игри на „кралскиот клуб“ во елитното натпреварување придонесоа обложувалниците низ цела Европа да го намалат коефициентот за освојување на трофејот.

– Не ми се допаѓа фактот дека сме фаворити во Лигата на шампионите. Треба да размислуваме за натпреварот во среда. За друго не треба да се грижиме. Не ми е гајле што се случило или што доаѓа во иднина. Размислувам само за реваншот со Јувентус, изјави францускиот стручњак.

Реал на 11 април го пречекува Јувентус во реванш  четвртфиналната пресметка од ЛШ.

На првиот меч во Торино, Реал победи со 3:0.

Коронавирус