понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 21
home Фудбал

Зидан не би го менувал Роналдо за Салах

Зидан не би го менувал Роналдо за Салах

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан не би се откажал од Кристијано Роналдо на сметка на Мохамед Салах.

– Не би го менувал Кристијано, ниту кој и да е од моите играчи. Кристијано е најголем. Тој е најдобриот фудбалер кој ќе има огромно значење и во финалето. Ако се сумира, подобро е да го имаш Кристијано во тимот, бидејќи тој го докажува својот квалитет секоја година. Дури и кога не постигнува голови, тој знае дека потоа ќе може да реализира три или четири натпревари по ред. Знае како да го направи, да се справи со напнатоста и да се врати на врвот. Некои играчи не можат да се справат со тензијата. Меѓу другото и во тоа е поразличен Роналдо. Колку повеќе се зголемува притисокот врз него, колку повеќе го критикуваат, толку подобро игра, изјави Зидан.

Двајцата ќе бидат најголемите ѕвезди во финалето на Лигата на шампионите, а се очекува тие да бидат и најголемите конкуренти за „Златната топка“.

Салах и Роналдо имаат 44 гола за своите тимови во сите натпреварувања од почетокот на сезоната, но 33-годишниот Португалец има 15 погодоци во ЛШ оваа сезона, пет повеќе од Египќанецот.

МИА

Коронавирус