понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 135
home Фудбал

Зидан наскоро се враќа на тренерската клупа

Зидан наскоро се враќа на тренерската клупа

Синот на Зинедин Зидан, Енцо, проговори за иднината на неговиот татко, најавувајќи дека поранешниот тренер на Реал Мадрид наскоро ќе се врати на тренерската клупа, иако не прецизира каде ќе се случи тоа.

Името на францускиот тренер беше поврзувано со Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед. И двата тима во моментов имаат тренери, но и Нико Ковач кај баварците и Жозе Мурињо кај „црвените ѓаволи“ се на чекор пред отказ.

Последан ангажман на Зидан беше на клупата на Реал Мадрид, при што го доведе клубот до финалето на Лигата на шампионите во мај и до трет успех во најпрестижното клупско натпреварување. Од тогаш е на „одмор“, што беше и официјална причина за неговото заминување од „Сантијаго Бернабеу“.

– Мислам дека сите сме свесни дека татко ми го обожува фудбалот и ја обожува тренерската професија. Деновиве тој ќе се врати на клупата. Во моментов се одмора, бидејќи имаше потреба од тоа. Иако обожуваше да го води Реал Мадрид, тоа го исцеди, бидејќи работата е исклучително обемна и исклучително тешка, изјави Енцо Зидан.

Коронавирус