сабота, 19. септември 2020. Вести денес: 99
home Фудбал

Зидан ја состави листата за отстрел: Девет фудбалери ќе заминат од „Бернабеу“

Зидан ја состави листата за отстрел: Девет фудбалери ќе заминат од „Бернабеу“

Реал Мадрид тешко го поднесе испаѓањето од Манчестер сити од Лигата на шампиони, па поради тоа Зинедин Зидан со помош на раководството на клубот отпиша девет фудбалери од екипата за следната сезона.

Шпанските медиуми ја објавија листата за отстрел на францускиот стратег, кој знае со кого не сака да соработува во новите предизвици на клубот.

Прв на листата за заминување е Герет Бејл, кој минатата сезона одигра 20 меча, постигна три гола и не сакаше да игра на реваншот против „граѓаните“.

Втор е Хамес Родригез, кој не доби преголема шанса во Мадрид, па настапи само 728 минути, постигна еден гол и две асистенции.

Уште еден кој треба да си ги пакува куферите е Иско, а Реал ќе се обиде да го искористи за да го добие потписот на Пауло Дибала од Јувентус.

Српскиот напаѓач Лука Јовиќ најверојатно ќе го напушти Мадрид, иако Зидан неколку пати кажа дека треба да му се даде нова шанса.

Мариано и Брахим Диаз се уште двајца фудбалери кои не покажаа многу во „кралскиот клуб“, па најверојатно ќе бидат и тие продадени летово.

Шпански „АС“ пишува дека последните три имиња на листата за отстрел се Лукас Васкез, Начо Фернандез и Марсело.

Коронавирус