сабота, 12. јуни 2021. Вести денес: 47
home Фудбал

Зидан го призна поразот од Челзи: Реал заслужи да победи

Зидан го призна поразот од Челзи: Реал заслужи да победи

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан го призна поразот од Челзи синоќа во реваншот од полуфиналето во Лигата на шампионите.

– Секако дека не сме задоволни. Кога губите полуфинале, не можете да бидете задоволни, тоа е во ред. Овој пораз е тешко да се прифати, но утре ќе се вратиме на теренот да продолжиме со тренинзите за да оствариме нови цели. Мора да се признае дека противникот заслужи да победи. Се обидовме и се боревме, но тие заслужено победија и стигнаа до финалето. Горд сум на моите момци. Стигнавме на чекор до финалето! – истакна Зидан.

Челзи го победи Реал со 2:0 и со вкупни 3:1 оди во финалето.

Мечот за трофејот во елитното фудбалско натпреварување втор пат во последните три години ќе биде со учесници од Англија. На 29 мај во Истанбул противник на Челзи ќе биде Манчестер сити кој во полуфиналето го елиминира ПСЖ. (МИА)

ЕУРО 2020

Македонија