четврток, 13. август 2020. Вести денес: 158
home Фудбал

Зидан го пофали Куртоа по синоќешната победа над Алавес

Зидан го пофали Куртоа по синоќешната победа над Алавес

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан ја пофали играта на голманот Тибо Куртоа по успехот на тимот над Алавес со 2:0 во натпревар од Ла Лига. Белгиецот по 18-ти пат оваа сезона ја задржа мрежата сува, а ова е 5-ти по ред што не дозволи гол.

– Ние ја заслуживме победата. Овие беа важни 3 поени. Останаа уште 3 натпревари. Сега ќе се одмориме и ќе се подготвиме за следниот натпревар. Во овој момент не дозволуваме многу голови. Куртоа имаше значајно влијание, бидејќи игра голема улога во тоа да не примаме голови, прокоментира францускиот стручњак.

Во пласманот Реал е лидер со 80 поени и 4 пред Барселона. Остануваат уште 3 кола до крајот на првенството. (МИА)

Коронавирус