петок, 14. декември 2018. Вести денес: 83
home Фудбал

Зидан го осуди судијата Оливер за потегот на вчерашниот натпревар

Зидан го осуди судијата Оливер за потегот на вчерашниот натпревар

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан изјави дека голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон не заслужил да добие црвен картон на реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Тој, исто така, изрази надеж дека оваа средба нема да биде последна во ЛШ за 40-годишниот голман.

– Мислам дека Буфон не заслужи црвен картон, но ништо не можеш да се смени. Оваа епизода не му го одзема сето она што го постигна за време на неговата кариера. Тој е одличен играч. Можеби тоа не беше последниот натпревар во неговата кариера во Лигата на шампионите, нагласи Зидан.

Италијанскиот голман премногу бурно реагираше на одлуката на судијата да покаже на белата точка, пенал кој се покажа како решавачки за елиминацијата на Јувентус.

(Миа)