среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 149
home Фудбал

Жестока казна за Арда Туран

Жестока казна за Арда Туран

Турскиот фудбалер Арда Туран е казнет со 16 натпревари поради напад, закани и навреди кон судијата на натпреварот од 32. коло од турска Суперлига.

Туран го турна помошниот судија Ердинк Сезертам по што доби црвен картон на мечот со Сиваспор, а бесот го пренесе и на главниот судија, Јашар Кемал Угурлу.

Инцидентот се случи во продолжението, а во тој момент веќе беше исклучен Марсио Мосоро, па Башакшехир остана со деветмина на теренот.

Дисциплинската комисија на Фудбалскиот сојуз на Турција казната ја изрече во четвртокот, кога наложи да исплати и 9.200 долари поради своето однесување.

Натпреварот заврши со резултат 1:1, а екипата на Туран во моментот е трет на табела позади Галатасарај и Фенербахче.

Коронавирус