сабота, 23. февруари 2019. Вести денес: 1
home Фудбал

Земјотресот на Хокаидо го одложи дуелот Јапонија – Чиле

Земјотресот на Хокаидо го одложи дуелот Јапонија – Чиле

Силниот земјотрес што го погоди островото Хокаидо е причина за одложување на пријателскиот натпревар меѓу Јапонија и Чиле.

Јачината на земјотресот беше 6,7 степени по Рихтер и Фудбалската федерација на Јапонија од таа причина го одложи дуелот што требаше да се игра во Сапоро, на островото каде беше и епицентарот на земјотресот.

– Нашите мисли и молитви се за жртвите на Хокаидо, изјави претседателот на јапонската федерација Ташима Конзо.