петок, 18. септември 2020. Вести денес: 111
home Фудбал

Заврши состанокот помеѓу Бартомеу и таткото на Меси – без напредок

Заврши состанокот помеѓу Бартомеу и таткото на Меси – без напредок

Таткото на Лионел Меси, Хорхе, кој воедно е и негов агент, денеска имаше состанок со претседателот на Барселона, Жозеп Мариа Бартомеу.

Според „Мундо Депортиво“, на средбата не се случил никаков напредок, бидејќи првиот човек на клубот уште еднаш напоменал дека Барселона смета на Меси оваа сезона и во иднина. Ставот на клубот е дека неговиот статус останува непроменет и ќе биде центар околу кој ќе се гради тимот под водство на новиот тренер Роналд Куман.

Бартомеу уште еднаш напоменал дека не сака воопшто да преговара за заминување на Меси и како што се шпекулираше му понудил нов двегодишен договор на фудбалерот. Неговиот актуелен договор истекува идното лето, а во него има откупна клаузула од 700 милиони евра.

Доколку не биде платена оваа сума Барселона нема намера да го продаде фудбалерот, кој речиси две децении е дел од клубот.

Се очекува во наредните денови Хорхе Меси и Бартомеу повторно да имаат средба.

Коронавирус