сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 14
home Фудбал

Заврши сезоната за Демирал, од тешката повреда ќе се опоравува следните 6-7 месеци

Заврши сезоната за Демирал, од тешката повреда ќе се опоравува следните 6-7 месеци

Фудбалерот на Јувентус, Мерих Демирал, успешно е опериран по повредата здобиена на средбата со Рома минатиот викенд, објавено е на официјалната веб-страница на италијанскиот шампион.

Турскиот репрезентативец ги скина вкрстените лигаменти на левото колено и го оштети менискусот.

Како што е објавено, за оптимално закрепнување ќе му бидат потребни 6-7 месеци.

Ова значи дека сезоната за Демирал е завршена. Покрај тоа, тој нема да има време да се опорави до Евро 2020, што ќе се одржи од 12 јуни до 12 јули.

Оваа сезона 21-годишниот дефанзивец одигра седум натпревари постигна еден гол и забележа една асистенција.

Коронавирус