вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 146
home Фудбал

Затворениците се „тепаат“ за да го имаат Роналдињо во својата екипа

Затворениците се „тепаат“ за да го имаат Роналдињо во својата екипа

Сагата околу случајот на Роналдињо, кој моментално е во притвор во Парагвај поради користење нелегални патни документи, добива нов правец, поврзан со неговите фудбалски квалитети.

Имено, голем број затвореници се „тепаат“ да го убедат Бразилецот да настапи во нивната екипа, на футсал турнирот кој традиционално се одржува во затворот „Куадрилатеро“.

На истиот учество земаат затвореници и полициски службеници над 35 години. Единствен услов за Роналдињо да учествува на турнирот ќе биде да не смее да дава голови, туку само да им асистира на соиграчите.

Наградата за победникот на турнирот е свиња од 16 килограми, која екипата треба да ја сподели со останатите затвореници во својот сектор.

 

извор: gol.mk

Коронавирус