недела, 5. јули 2020. Вести денес: 100
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Фудбал

Затоа е на врвот: Сари го закажал тренингот во 17 часот, Роналдо се појавил во тренинг центарот во 12:52!

Затоа е на врвот: Сари го закажал тренингот во 17 часот, Роналдо се појавил во тренинг центарот во 12:52!

Кристијано Роналдо не случајно е во топ форма и на 35 години, Португалецот уште еднаш покажа дека е пример од професионалец откако синоќа пристигна во тренинг центарот четири часа пред закажаниот тренинг.

Кога CR7 потпиша за „старата дама“ во 2018, сите беа зачудени од физичката кондиција во која се наоѓа Кристијано Роналдо.

Тестовите направени тогаш покажаа дка тој има само 7% телесни масти, а вообичано оваа бројка кај играчите се движи помеѓу 10 и 11%. Португалецот исто така има мускулна маса од 50% која вообичано не надминува 46% кај останатите фудбалери. Ова му овозможува да скокне и до еден метар, па затоа Кристијано Роналдо е толку доминантен во воздушните дуели со противниците, а ги изведе и спектакуларните ножички токму против Јувентус. Во кратки црти, тој има тело на 23 годишен фудбалер.

Tој сега има 35 години и се уште е во топ форма, но тоа не е случајно. Иако има освоено се што може да се освои, нема опуштање и продолжува да биде пример од професионалец.

Кориере дело Спорт пишува дека синоќешниот тренинг на Јувентус бил закажан во 17 часот, но и покрај тоа, Кристијано Роналдо се појавил во тренинг центартот во Континаса во 12:52.

„Португалскиот напаѓач внимателно се грижи за својата физичка кондиција, обрнува внимание и најситните детали. Покрај тренингот со соиграчите, тој одработи и персонализирана индивидуална сесија. Роналдо се појави во Континаса во 12:52 часот, прво работеше сам, а потоа со тимот“ – пишува КДС.

Парламентарни избори 2020