сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 27
home Фудбал

Запаметете го ова име и никогаш не го доведувајте: Голем фудбалски талент се тепал со мотоциклист, тренер и соиграчи

Запаметете го ова име и никогаш не го доведувајте: Голем фудбалски талент се тепал со мотоциклист, тренер и соиграчи

Талент има велат многумина, но доволно е само да се види дека променил три клуба уште како тинејџер. И сега еве уште четири, а има само 22 години. Епизодата во Карпи за Зинеди Машаш заврши и пред да почне.

Младиот француски фудбалер, кој корените ги влече од Мароко и Алжир, инаку играч на Наполи, кој на 30-ти јуни беше пратен на позајмица во Карпи да собира минути. Но, таму не успеа да го дочека ниту почетокот на сезоната. Карпи го исфрли затоа што се степал не со еден, туку со двајца соиграчи.

Инцидентот се случил во вторникот на тренинг, а еден од играчите се кој Машаш се тепал е член на младинскиот тим, што било земено како отежителна околност.

Да не говориме за тоа што ова не му е прв пат да се впушта во исти проблеми. Во септември 2017 година го удри тренерот на младинскиот тим на Тулуз, Денис Занка, поради што одредил други играчи да изведуваат пенали.

Но тоа не е се, во март во Наполи се степал со моторџија.

Тулуз и Марсеј го изгубиле трпението со Машаш, а прашање е секако и колку време ќе потрае во Наполи.

 

Коронавирус