петок, 22. март 2019. Вести денес: 110
home Фудбал

Жалба до ФИФА: Кариус 4 месеци не зел плата од Бешикташ

Жалба до ФИФА: Кариус 4 месеци не зел плата од Бешикташ

Голамнот на Ливерпул, Лорис Кариус, кој во моментов игра во Бешикташ на позајмица од Ливерпул, презеде правни дејства против турскиот клуб. Причината за ова е дека Бешикташ му должел плата за 4 месеци.

Уште минатиот месец, Кариус го одвел случајот во ФИФА, а пред десет дена истекол крајниот рок, определен од голманот на клубот, за да му биде исплатено тоашто му се должи.

Престојот на Кариус во Турција стана вистински кошмар откако навивачите и тренерот Шенол Ѓунеш се свртеа против него. Тренерот го критикуваше јавно за своите грешки против Коњаспор и рече дека Кариус се уште е стартер, само затоа што ветеранот Толга Зелгин во моментов не е достапен. За време на викендот, фановите на Бешикташ го исвиркуваа Кариус.

Веројатно, ФИФА ќе наметне многу сериозна казна на турскиот клуб за неисплатените надоместоци на Кариус.