недела, 13. октомври 2019. Вести денес: 105
home Фудбал

Законот за сите е ист: Салах ги разочарал фановите, па поради тоа завршил во полиција (ВИДЕО)

Законот за сите е ист: Салах ги разочарал фановите, па поради тоа завршил во полиција (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ливерпул вчера на свој терен убедливо го совладаа Вест Хем со 4:0 во мечот од првото коло во Премиер лигата.

Најдобриот играч на „Црвените“ Мохамед Салах брзо се запиша во листата на стрелците и најави уште една фантастична сезона. Сепак, Салах во моментов најмалку размислува за фудбал.

Имено, според пишувањата на англиските медиуми, полицијата го повикала Салах на разговор откако добиле видео на кое се гледа дека користи мобилен телефон додека вози. Фановите го приметиле Салах додека одел кон „Енфилд“ и се обиделе да добијат автограм.

Но, Салах не размислуваше многу за нив и се обиде да ги изигнорира максимално. Поради ова, еден од разочараните фанови го снимаше како користи телефон додека вози, а утринава снимката и ја предаде на полицијата.