четврток, 22. јули 2021. Вести денес: 204
home Фудбал

За влакно избегната трагедија на ЕП: Параглајдерист го прекина мечот (ВИДЕО)

За влакно избегната трагедија на ЕП: Параглајдерист го прекина мечот (ВИДЕО)

Активист на „Гринпис“ со параглајдер слета на теренот на Алијанц во Минхен, пред почетокот на дербито меѓу Германија и Франција од Европското фудбалско првенство.

Тој користел специфичен параглајдер со мотор, со кој успеал да слета на теренот, но не на начин на кој посакуваше да го направи тоа.

Германските медиуми јавуваат дека параглајдерот се заплеткал во дел од каблите од подвижните камери и со својот пад можел да ја загрози безбедноста на дел од гледачите или играчите на теренот.

„АРД“ објави дека повреден бил еден техничар за осветлување ангажиран на стадионот, па за него морала да интервенира и лекарска екипа.

Коронавирус