понеделник, 1. јуни 2020. Вести денес: 133
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Фудбал

За утре закажана уште една средба на ФФМ со прволигашите

За утре закажана уште една средба на ФФМ со прволигашите

Фудбалската федерација на Македонија утре ќе одржи уште една средба со претставници на прволигашките екипи на која ќе се разговара за продолжувањето на сезоната.

– Фудбалската федерација на Македонија ги подготви и денеска пред претставници на координативниот кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирусот ги презентираше сите услови од здравствениот протокол за враќање на фудбалските екипи на тренинзите и натпреварите со целосна одговорност, враќањето на фудбалските терени да биде максимално сигурно за сите учесници.

Координативниот кризен штаб за здравствена заштита пред неколку дена побара од ФФМ да подготви здравствен протокол, а федерацијата веќе го достави бараниот протокол до надлежните институции и до клубовите, а истиот утре (22. мај) од 12:30 часот ќе биде детално презентиран и од страна на епидемиологот д-р Жарко Караџоски од Институтот за јавно здравје, соопшти ФФМ

Заедно со клубовите, федерацијата треба да донесе конечен став околу натпреварувачката сезона 2019/2020 во Прва МФЛ, а еден од главните услови е да се подготват и насочат клубовите за враќање во вообичаениот тренинг и ритам за натпревари со точно утврдени мерки за заштита на здравјето на фудбалерите и сите други фудбалски работници.

Коронавирус