сабота, 16. октомври 2021. Вести денес: 92
home Фудбал

За само две минути од насмевка до солзи: Капитенот на Интер најтешко го поднесе брзиот пресврт на Јувентус (ВИДЕО)

За само две минути од насмевка до солзи: Капитенот на Интер најтешко го поднесе брзиот пресврт на Јувентус (ВИДЕО)

Шампионот на Италија од последните шест години, остана на челото на табелата и на три кола пред крајот на сезоната. Јувентус вчера во трилер натпревар со два автогола, два пресврти, измешани емоции кај играчите на теренот успеа да дојде до голема победа над милански Интер.

Еден од оние кај кои емоциите беа сосем измешани беше капитенот на Интер, Мауро Икарди, две минути беа доволни за насмевката на неговото лице да се претвори во солзи по истото.

Мауро Икарди вчера успеа да постигне и гол, погодок со кој Интер успеа да израмни против Јувентус.

Тренерот на Интер во 85-та минута реши да го извади од игра капитенот на својот, а при излегувањето од игра Аргентинецот изгледаше прилично сигурен дека работата на теренот е завршена и само видно насмеан ја бодреше својата замена, Давиде Сантон да издржи уште пет минути, колку што преостанаа до крајот на мечот.

Сепак, како да потона бродот на Интер откако нивниот капитен ја напушти играта. Само две минути подоцна по еден магичен потег на Хуан Квадрадо, со голот на Милан Шкриниар Јувентус успеа да израмни на 2:2, а во 89-та минута со голот на Игуаин успеа да направи и комплетен пресврт.

Овие два гола претходно среќниот Икарди, за само две минути го доведоа до очај, а солзите од неговите не можеа да сопрат.

Коронавирус