четврток, 20. јануари 2022. Вести денес: 5
home Фудбал

За ПСЖ потпиша пред неколку месеци, а веќе сака да си замине

За ПСЖ потпиша пред неколку месеци, а веќе сака да си замине

Џорџино Вајналдум го одбра ПСЖ пред Барселона, но се чини дека брзо се покаја, информациите велат дека сака да си замине.

Вајналдум беше една од ѕвездите кои во ПСЖ пристигнаа како слободни фудбалери во минатиот летен преоден рок. Интерес за него имаше и од Барселона, но тој сметаше дека подобро место за него е парискиот клуб.

Сепак, работите не се одвиваат онака како што тој замислувал и последните информации велат дека Вајналдум сака да си замине од ПСЖ.

Активни се критиките во Париз за поранешниот фудбалер на Ливерпул, а некои информации велат дека ПСЖ сака да го ангажира Брозовиќ, а да го продаде Вајналдум.

Според „ТимТок“, Вајналдум жали за одлуката да се пресели во ПСЖ и сака да си замине уште во зимскиот преоден рок.

Холанѓанецот би можел да се врати во Премиерлигата, за неговите услуги има силен интерес од Њукасл.

Коронавирус