среда, 8. декември 2021. Вести денес: 104
home Фудбал

За прв пат во историјата: „Златна топка“ годинава нема да добие никој

За прв пат во историјата: „Златна топка“ годинава нема да добие никој

Францускиот спортски магазин „Франс фудбал“ донесе одлука „Златната топка“ за 2020 година да не биде доделена никому.

Од францускиот магазин објавија дека во годината која ја одбележа пандемијата на коронавирусот не може да се третира како обична и подобро е да се прескокне отколку да се додели награда и потоа да се смета за нефер одлука.

Причината е нерамноправната борба на сите кандидати за оваа награда. Некои имаа шанса да се борат до крај, додека кај некои сезоната беше прекината како на примет во француската Лига 1, холандската Ердивизија и белгиската Про лига. Ова е прв пат од 1956 година да не се доделува „Златната топка“.

Да потсетиме минатата година најдобар беше Лионел Меси. А исто така да додадеме дека и ФИФА од истите причини го одложи својот настан „The Best“ на кои се прогласуваа најдобрите фудбалери во светот за 2020 година.

Коронавирус