петок, 22. јуни 2018. Вести денес: 0
home Фудбал

За оргиите на фудбалерите зборува целата планета: Се огласи главниот виновник за забавата која стана светски скандал (ВИДЕО)

За оргиите на фудбалерите зборува целата планета: Се огласи главниот виновник за забавата која стана светски скандал (ВИДЕО)

Светот остана шокиран од снимката од забава на која 9 мексикански репрезентативци се фатени како имаат оргии со 30 жени во текот на припремите за Светското првенство.

Тоа беше проштална забава пред заминувањето на Мундијалот, а како тоа изгледаше можеа да видат сите ширум светот, бидејќи снимката се појави апсолутно на сите социјални мрежи.

Забавата започнала во сабота, непосредно по натпревар и траела до 16 часот наредниот ден, пренесуваат светските медиуми.

А сега се огласи и Хавиер Ернандез Чичарито, фудбалер на Вест Хем и мексикански репрезентативец, кој тврди дека станува збор за негова роденденска забава.

Во првата изјава за медиумите после скандалот кажа дека тој и неговите соиграчи не би ја повториле ваква прослава.

-Тоа беше собирање за мојот роденден. Имавме слободен ден и ги повикав соиграчите, кажа тој на Фејсбук.

-Немаше ескорт дами и тие приказни се непочитување кон гостите. Не направивме ништо лошо, тоа беше наше слободно време, но не би го повториле, кажа тој.

Сепак мексиканските медиуми се уште велат дека забавата ја посетиле 30 ескорт дами и дека се задржале скоро 24 часа.

Инаку, во медиумските извештаи не се споменуваше името на Чичарито.