четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 69
home Фудбал

За кого ќе навива политичката елита: Заев за Хрватска и Србија, Мицкоски за Германија

За кого ќе навива политичката елита: Заев за Хрватска и Србија, Мицкоски за Германија

Двете најмоќни политички фигури во земјава имаат различно мислење и кога е во прашање фудбалот – најважната споредна работа на светот. Првите луѓе на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ ќе навиваат за различни репрезентации на претстојното Светското првенство во фудбал, кое од 14 јуни до 15 јули ќе се одржи во Русија. И двајцата жалат што Македонија ќе го пропушти и овој континентален самит, но и Зоран Заев и Христијан Мицкоски имаат свои резервни фаворити и миленици, пренесува Независен весник.

-Секако дека ќе ги следам натпреварите, онолку колку што ќе дозволуваат обврските. Тоа е повеќе од фудбал, можност за разонода и во друштво со пријателите да се погледнат најквалитетните репрезентации во светот. Јас сум повеќе регионален играч, така што ќе навивам за двете земји од поранешните југословенски простори: Хрватска и Србија. Хрватите имаат одлична репрезентација и според мене можат далеку да стигнат. Србите важат за аутсајдери, но верувам дека се способни позитивно да изненадат. Доколку ме прашувате кои се главните фаворити, тогаш се знае: Бразил, Аргентина, Германија, Шпанија, Франција…, вели Заев за „Независен весник“.

И лидерот на опозицијата вели дека едвај чека да започнат натпреварите од Светскиот куп, иако поради работните обврски не е сигурен колку ќе има време до крај да ужива во мајсториите на фудбалските мајстори. За негов, но и за фаворит број еден на Мундијалот го смета актуелниот бранител на трофејот освоен пред четири години во Јужна Африка – тимот на Германија.

-Пред се поради нивната упорност, тактичност и германска прецизност. Но, сепак, конкуренцијата е силна и нека победи подобриот. Се надевам дека ќе проследам дел од натпреварите, односно онолку колку што ќе дозволи времето, со оглед на тоа што во тој период ќе започнам со работното лето, ќе бидам по градовите и селата низ Македонија, ќе имам средби со граѓаните. Во зависност од агендата, ќе се обидам со соработниците да проследам барем неколку мечеви од шампионатот. Се надевам дека во годините што следуваат ќе дојде време кога и македонската репрезентација ќе имаме можност да ја бодриме и заеднички да се радуваме на нејзините успеси на некој од големите фудбалски натпреварувања, ни изјави Мицкоски.

Фудбалската треска што до средината на јули ќе го тресе светот не ја одминува ниту Македонија. Политичкиот џет-сет во државава, во паузите од преговорите за името, економските проблеми и меѓусебните обвинувања, едвај чека да започнат преносите од вкупно 64 натпревари, колку што ќе треба да се одиграат за да дознаеме кој е најдобар на светот во фудбал.

Целата сторија прочитајте ја ТУКА.

Коронавирус