сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 28
home Фудбал

За цела Русија е нов национален херој, а тој мртов ладен со својата изјава ги изненади сите

За цела Русија е нов национален херој, а тој мртов ладен со својата изјава ги изненади сите

Голманот на Русија, Игор Акинфеев после победата над Шпанија и пласманот во четвртфиналето од Светското првенство, кажа дека не се смета себеси за јунак по триумфот, како и дека неговата екипа покажа дека и тоа како знае да игра фудбал.

-Не се чувствувам како најдобар играч на натпреварот. Играч на натпреварот е мојот тим и навивачите, кажа Акинфеев.

Русија во четвртфиналето се пласираше, откако после подоброто изведување на пенали ја победи Шпанија. После продолженијата резултатот беше 1:1, за Русија на пенали да победи со 4:3, а одлучувачката одбрана ја имаше Акинфеев.

-Не игравме како што сакавме, сакавме да нападнеме повеќе, но против Шпанија ретко кој тим може да има посед. Заврши се како што заврши. Овој пат среќата беше на наша страна. Ова е одличен Мундијал за нас. Денеска сите сме уверени дека Русија знае како да игра фудбал, изјави тој.

Русија во четвртфиналето ќе игра против Хрватска, која вчера исто така по подоброто изведување на пенали успеа да ја победи Данска.

Коронавирус