понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 164
home Фудбал

За Бентеке нема место во белгискиот тим на СП

За Бентеке нема место во белгискиот тим на СП

Селекторот на белгиската фудбалска репрезентација, Роберто Мартинез го објави списокот со 24 играчи кои ќе патуваат на Мундијалот во Русија. Меѓу нив не е Кристијан Бентеке.

-Тоа беше тешка одлука, но се одлучив да повикам двајца класични напаѓачи, а тоа се Лукаку и Батшуај, а како трета опција е Дрис Мертенс кој може да игра на таа позиција, изјави Мартинез.

Со неговата одлука не се сложуваат голем број навивачи на Белгија кои своето незадоволство го искажуваат преку социјалните мрежи. Тие сметаат дека Бентеке и наинголан заслужуваат да патуваат на СП, наспроти играчи како Јанузај или Дендонкер.

Белгија на СП е во групата Г заедно со панама, Тунис и Англија.

МИА

Коронавирус